На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер кој остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. соопшти Драмскиот театар – Скопје.
Миленковски беше еден од четирите лауреати на наградата за животно дело на 60. МТФ „Војдан Чернодрински”, што се одржа во Прилеп од 5 до 12 јуни.
Меѓу неговите најпознати претстави се „Балканот не е мртов” и „Буре барут” од Дејан Дуковски, како и „Тетовирани души”, „Црна дупка” и „Баханалии” од Горан Стефановски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
