Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне, претежно во планинските предели, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер, при што температурата ќе се искачи до 38 степени. Според прогнозата на УХМР, под влијание на топла воздушна маса од…
Автор: Никола Тасев
Американската војска изврши напади врз ирански воени цели, откако Вашингтон го обвини Техеран за кршење на примирјето по нападот врз товарен брод во Ормускиот Теснец. Централната команда на САД соопшти дека биле погодени складишта за ракети, беспилотни летала и крајбрежни радари. Иранските власти тврдат дека бродот бил нападнат затоа што користел неовластена рута, додека Револуционерната гарда соопшти дека возвратила со напади врз американски позиции во регионот. Ескалацијата доаѓа само десет дена по потпишувањето на меморандумот меѓу САД и Иран, со кој започнаа 60-дневни преговори за траен мировен договор и повторно отворање на Ормускиот Теснец. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс порача дека…
Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела во близина на главниот град Каракас. Според официјалните податоци, бројот на загинати се искачи на 920, повредени се најмалку 3.360 лица, а околу 4.000 останале без своите домови. Во катастрофата се оштетени 383 згради, меѓу кои 13 болници и 25 трговски центри, како и повеќе од 1.000 други инфраструктурни објекти. Властите соопштија дека од најтешко погодената област Ла Гваира биле спасени 243 лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Во меѓувреме, неофицијални извори објавија список со повеќе од 51.000 исчезнати лица, што значително се…
По седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе се знаат персоналните решенија и промената на ресорите во рамки на планираната реконструкција, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според премиерот, реконструкцијата не се прави само поради резултатите кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите и засега не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамки на промена на една третина од составот или повеќе. Мицкоски не зборуваше за персонални решенија и за ресори и најави дека тие ќе се обзнанат по седницата на Извршниот комитет на партијата. Премиерот очекува реконструираната Влада да го заврши мандатот кој го доби…
Македонскиот шампион Вардар 1961 ги доби противниците за групната фаза од новата сезона во ракометната Лига на шампионите. „Црвено-црните“, кои по неколкугодишна пауза се враќаат во европската елита, ќе играат во групата Б заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок. Од оваа сезона Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат со 24 екипи, поделени во шест групи од по четири тима. Натпреварите од групната фаза започнуваат во септември, а распоредот ќе биде објавен во наредните денови.
Мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе биде еден од главните проекти во одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Проектот, чиј идеен творец и режисер е Дејан Пројковски, ќе се изведува во петнаесетина градови низ земјава во текот на август и септември и ќе ги претстави најзначајните моменти од македонската независност преку музичко-сценски спектакл. Низ приказната ќе води Игор Џамбазов, кој најави дека во фокусот ќе бидат успесите на државата, спортот и културата. Прославата ќе биде заокружена и со концерт на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и настап на шпанскиот тенор Хозе Карерас на плоштадот Македонија во Скопје.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон ќе игра против шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова, која лани стигна до финалето на турнирот. Ѓорческа вчера преку квалификациите обезбеди историски пласман во главната сингл-конкуренција на најпрестижниот тениски турнир во светот, што е прв ваков успех за македонски тенисер. Натпреварите од првото коло на Вимблдон ќе се играат на 29 и 30 јуни.
По информацијата дека бели волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици во скопската Зоолошка градина, Здружението за заштита на животните Анима Мунди бара под итно да се затвори Зоолошката и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти, како и мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат стандардите. Тие го повторија и својата заложба да се…
Со години запуштениот и неискористен простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош” во Бутел ќе прерасне модерен, функционален мега парк, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека работните активности се во завршна фаза и веќе е посадена тревната површина, се поставува хидрантска мрежа за редовно одржување на зеленилото, уредени се патеките и просторот добива лик каков што заслужуваат жителите на Бутел. Новиот мега парк во Бутел има површина од 8.000 м² и освен зелени површини има и плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес зони и содржини за одмор, рекреација и дружба за сите генерации.
Меѓународната поморска организација (ММО) привремено ја прекина операцијата за придружба на бродови низ Ормускиот Теснец, откако товарен брод беше нападнат во близина на брегот на Оман. Според американски претставници, зад нападот стои Иран, додека Техеран соопшти дека нема да гарантира безбедност за бродовите што не ги користат рутите одобрени од иранските власти. Нападнатиот брод, кој пловел под знамето на Сингапур, не бил дел од програмата на ММО за безбеден премин. Инцидентот повторно ги зголеми сомнежите околу спроведувањето на прелиминарниот договор меѓу САД и Иран за повторно отворање на Ормускиот Теснец. По веста, цените на нафтата пораснаа за околу два проценти…