Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето по повод 105-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, порача дека најдобар начин да се оддаде почит на неговото дело е изградбата на силна и успешна држава. Тој истакна дека денешната борба не е за ослободување, туку за развој, силна економија, нови инвестиции, подобро образование, квалитетно здравство и владеење на правото.
Според Мицкоски, современиот патриотизам значи секојдневна работа за напредокот на Македонија и борба против корупцијата. Тој нагласи дека Македонија има потреба од самодоверба, силни институции и обединет народ кој ќе ги става националните интереси пред поделбите.
Премиерот порача дека државата треба да биде место каде младите ќе останат, ќе се отвораат нови фабрики, ќе се градат патишта, железници, училишта и болници. Во говорот истакна дека делото на Ѓорче Петров останува траен потсетник дека Македонија е најсилна кога граѓаните се обединети околу заедничките цели.
