Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека нема да се кандидира за претседател на државата на следните избори. Тој, одговарајќи на новинарско прашања при посетата на Кисела Вода за новиот Изборен законик, кажа дека не се точни тврдењата оти измените со кои се овозможува гласање на дијаспората електронски се прават оти тој планира да се кандидира за претседател на изборите во 2029 година.
„Еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција, ниту желба. Нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на електронски начин, и тоа почнувајќи од следните претседателски избори во 2029 година“, рече Мицкоски.
Мицкоски кажа дека сите барања на Левица и СДСМ ќе ги прифатат, но мора да остане можноста дијаспората да гласа електронски. Ако тоа е неприфатливо за нив тогаш нема да се донесе нов Изборен законик односно за следните ибори на сила ќе биде стариот.
СДСМ е против воведувањето електронско гласање за македонската дијаспора, почнувајќи од следните претседателски избори во 2029 година. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на овој модел затоа што ќе значи намалување на високите трошоци за испраќање на изборни комисии во Дипломатско-конзуларните претставништва нив светот, и затоа што овозможува право на глас за граѓаните кои поседуваат македонски пасош, со оглед на тоа што изборот на претседател е поврзан со цензус.
