Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека лаже кога тврди дека Русија ги прекинала испораките на природен гас за Европа. Захарова изјави дека Русија никогаш не ја запрела испораката на гас и оцени дека проблемите со снабдувањето се последица на санкциите што Европската Унија ги воведе кон Москва. Таа додаде дека европските држави самите ги создале своите енергетски проблеми.
Според Захарова, секој граѓанин на Европската Унија би можел да ја тужи Урсула фон дер Лајен поради ваквите изјави и да го добие спорот. Во своето обраќање, таа упати и иронични критики на сметка на европските институции и нивната енергетска политика.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
