Русија трет ден по ред изврши напади со беспилотни летала врз Киев, додека во нападите врз Суми загинаа две лица, а 23 се повредени, соопштија украинските власти. Во Киев била активирана противвоздушната одбрана, а една жена е повредена и причинета е материјална штета во повеќе делови од градот. Во Шевченковскиот округ дрон погодил ненаселена станбена зграда и предизвикал пожар, додека во Соломјанскиот округ биле оштетени петкатница и магацин. Украинските власти соопштија дека руските напади врз главниот град речиси непрекинато траат од ноќта на 24 септември. Истовремено, руските сили го нападнале Суми и околината со наведувани авионски бомби, при што загинале…
Автор: Никола Тасев
Плоштадот „Македонија“ и повеќе локации во центарот на Скопје вчера беа претворени во отворен полигон за проверка на знаењето и вештините за укажување прва помош. На 32. Државен натпревар по прва помош учествуваа десет младински екипи кои претходно обезбедија пласман преку општинските и регионалните натпревари. Под мотото „Прва помош во урбана средина“, учесниците се соочија со реалистични сценарија за повреди и итни состојби какви што можат да се случат на улица, во сообраќајот или на јавно место. Натпреварувачките пунктови беа поставени на десет локации, меѓу кои Плоштадот „Македонија“, просторот кај Македонскиот народен театар, кејот на Вардар, Жена парк и Порта…
Иран ги предупреди бродовите дека ќе се соочат со последици доколку користат рути низ Ормускиот Теснец кои Техеран ги смета за нелегални. Иранскиот орган задолжен за контрола на теснецот соопшти дека прекршувањето може да предизвика финансиски загуби и штети за бродовите, нивните сопственици, капетаните и екипажите. Компаниите би можеле да се соочат и со ограничувања за идно минување на нивните бродови низ овој стратешки поморски премин. Техеран побара од сопствениците на бродови да преземат мерки за да спречат користење на рутите што ги смета за недозволени. Истовремено, Иран преку Катар им доставил на САД седумдневен план за враќање на бродскиот…
Досегашните билатерални средби меѓу Македонија и Бугарија не донеле суштински резултат, а во идните разговори треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МТВ. Тој ги опиша досегашните контакти како средби „колку да се случат“ и оцени дека по нив двете страни често излегуваат со различни толкувања за она што било разговарано. Според Мицкоски, токму затоа присуството на претставници на ЕУ би овозможило европските партнери директно да ги слушнат аргументите и на Скопје и на Софија. Тој смета дека меѓу двете земји фактички постои билатерален спор и дека неговото решавање треба да се бара…
Променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб дожд на одделни места се очекува денеска во Македонија. Температурите ќе се движат од 6 до 23 Целзиусови степени, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура од 11 до 22 степени. Слично време се очекува и во следните денови, со повремени услови за краткотраен дожд.
Кинеската војска спроведе заедничка поморска и воздушна вежба околу спорниот гребен Скарборо во Јужното Кинеско Море. Кина го нарекува гребенот Хуангјан Дао и тврди дека има суверенитет врз него, додека право на истата територија полагаат и Филипините. Командата на кинеската Народноослободителна армија соопшти дека операцијата била одговор на постапките на „одредени земји“, кои според Пекинг ги загрозуваат регионалниот мир и стабилност. Целта на вежбата била проверка и подобрување на борбените способности на кинеските сили. Пекинг наведува дека активностите се насочени кон заштита на кинескиот територијален суверенитет и поморските права и интереси. Филипинските власти засега не излегоа со официјален одговор на…
Русија ќе продолжи со војната во Украина сè додека не ги постигне своите воени цели, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред Генералното собрание на Обединетите нации. Тој ги обвини европските држави дека прават сè за да спречат мировно решение и почеток на преговори. Според Лавров, за преговори се заинтересирани повеќе страни, меѓу кои и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Рускиот министер го обвини Западот и дека ја снабдува Украина со оружје со кое, според неговите тврдења, се напаѓаат цивили и цивилна инфраструктура. Лавров порача дека руските воени цели ќе бидат постигнати и дека ќе биде отстранета, како…
Под влијание на циклонска активност, денеска во Македонија ќе преовладува облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално се очекуваат пообилни врнежи со над 30 литри дожд на квадратен метар. Дождот ќе продолжи и во текот на ноќта, како и утре претпладне. Во Скопје врнежи се очекуваат попладне и во текот на ноќта, а во делови од котлината повремено ќе бидат со засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Од недела следува потопло време со сончеви периоди и дневни температури од 18 до 27 степени.
В.д. директорите ќе можат да останат на функција најмногу шест месеци, а потоа задолжително ќе мора да биде распишан јавен оглас за избор на раководител. Ова е една од клучните промени во Законот за висока раководна служба, чија примена почнува на 1 октомври. Законот воведува и построги критериуми за избор на раководните лица во институциите. Управните одбори, пак, ќе бидат намалени и ќе можат да имаат најмногу три члена. Министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека Владата е подготвена веднаш да почне со спроведување на новите правила. Од околу 100 раководни позиции опфатени со законот, за дваесетина веднаш ќе…
Украинските сили во текот на ноќта нападнале повеќе индустриски и енергетски цели длабоко на територијата на Русија, според канали што ја следат војната. Меѓу погодените објекти е рафинерија за нафта во Перм, на околу 1.500 километри од украинската граница, каде што по нападот избувнал пожар. Во Улјановск цел била фабриката „Искра“, која произведува електронски компоненти за комуникациска и радиотехнологија. Експлозии биле регистрирани и во Воронеж, каде што била активирана руската противвоздушна одбрана, а според неофицијални информации била оштетена фабрика за синтетички каучук. Напад е пријавен и во окупираниот Луганск, каде што бил погоден и запален голем објект за градежни материјали.…