Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се сретне со претседатседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен. Тој денеска истакна дека очекува на средбата реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ.
– Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ чекорејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот, порача Мицкоски.
Тој воедно истакна дека е добро што фон дер Лајен најави отворање на центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија, при што појасни дека тоа е проект кој го туркала и Владата, односно Министерството за дигитална трансформација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
