Автор: Никола Тасев

Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување со продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од среда. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и много топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Попладне има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен ветер од југозападен правец. За Скопје исто така прогноза за сончево и многу топло,…

Прочитај Повеќе

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје. Сообраќајот за патнички моторни возила е пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје. Воспоставен е посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце. Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин е пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда,…

Прочитај Повеќе

Пожарот кај село Блаце близу границата кон Косово се уште е активен. На терен, затекнавме повеќе противпожарни возила и полициски возила кои со голема брзина се движеа кон местото опфатено со огнената стихија. Попладнево и вечерва чадот се почуствувал и во Визбегово и Бардовци

Прочитај Повеќе

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е ставен под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петров кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. – Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран на пожарот кај Блаце, општина Чучер Сандево, наведуваат од ЦУК.…

Прочитај Повеќе

Време е Скопје повторно да го вратиме на скопјани и да изградиме град со кој ќе се гордееме сите ние и генерациите после нас, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја соопшти одлуката на Извршниот комитет тој да биде нивни кандидат на локалните избори за прв човек на главниот град. Од утре, рече Ѓорѓиевски, ќе почнат со теренските посети и процесот на креирање на програмата со која ќе настапат на локалните избори за Град Скопје и проектите што ќе ги зацртаат ќе бидат детално разработени со рокови и финансиски импликации.…

Прочитај Повеќе

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што ќе се одржат во октомври. Одлуката ја соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, по денешната седница на Извршниот комитет што се одржа во седиштето на партијата во Скопје, истакнувајќи дека се темели на анкетите кои покажуваат дека Ѓорѓиевски води убедливо дури и петпати повеќе во однос на решенијата што се споменуваат од СДСМ, а како градоначалник покажал резултати. Утврдени се и кандидатурите за општините Гази Баба, актуелниот Бобан Стефковски, за Карпош Сотир Лукроски, од приватнот сектор, за Лозово…

Прочитај Повеќе

Милијардерот Илон Маск ќе формира нова политичка партија во САД под името „Американска партија“, еден ден откако спроведе анкета меѓу своите следбеници на социјалната мрежа Икс прашувајќи ги дали е време за независност од двопартискиот систем. – Со оглед на соодносот 2 спрема 1 во корист на нова политичка партија, ќе имате една!, објави Маск на Икс, додавајќи оти партијата треба „ја врати слободата на народот“. Најавата за нова политичка партија доаѓа по нарушените односи на Маск со американскиот претседател Доналд Трамп поради Законот за трошоци. Американска партија, според достапните информации, ќе се залага за намалување на буџетскиот дефицит, дерегулација,…

Прочитај Повеќе

По завршувањето на четвртфинална фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското клупско првенство, што се одржува во САД. Во европскиот класик, силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, додека во вториот дуел ќе се соочат англискиот Челзи и бразилскиот Флуминенсе. На патот до полуфиналето, Реал Мадрид, во вистинска драма на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, ја совлада Борусија Дортмунд со 3:2. Пари Сен-Жермен, пак, во натпревар одбележан со два црвени картони за францускиот тим, го елиминираше Баерн Минхен со 2:0. Головите за ПСЖ ги постигнаа Десире Дуе и Усман Дембеле во второто полувреме. Челзи го обезбеди своето…

Прочитај Повеќе

Над 246 илјади граѓани во повеќе институции користат една мејл адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин, што е овозможено од Министерството за дигитална трансформација. Како што соопшти Министерството, регистрирање на Системот за единствена најава (СЕН) е овозможено доколку е полнолетен граѓанин на Македонија или има регулиран престој согласно важечките законски прописи. При првата регистрација, граѓанинот автоматски станува и корисник на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. -Најнови институции кои го користат системот на единствена најава се Министерството за образование и наука во доменот на електронските услуги кои се…

Прочитај Повеќе

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој учествуваат претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери. На Самитот е предвидено да се дискутира за неколку клучни теми: поделотворен систем на плаќање на БРИКС за унапредување на трговијата и инвестициите; инклузивно и етичко раководење со вештачката интелигенција (ВИ); климатска агенда за рекалибрирање на политиката за финансирање на климата; поинтензивна соработка во јавното здравство; глобална реформа на мултилатералниот мировен систем и за активностите за подобрување на институционалната структура и кохезија. На Самитот во Рио ќе присуствуваат претседателот на Бразил, Лула да Силва, претседателот на…

Прочитај Повеќе