Фросина Левковска, фотографка, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека ќе ја исполни последната желба на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој по седум месеци ја загуби битка со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
“Хуманитарен концерт за настраданите во Кочани, а воедно и концерт во чест и сеќавање на групата ДНК.
Ова нема да биде обичен настан, ова ќе биде симбол на љубов, хуманост и почит кон едни големи луѓе, хуманитарци пред се-Андреј и Панчо. Нашата соработка токму така и започна преку хуманитарен настан што јас го организирав, а од тој момент врската и енергијата меѓу нас беа посебни.
View this post on Instagram
Концертот нема да се одржи сега. Сега тагуваме и се сеќаваме на нив со љубов и болка. Настанот ќе биде организиран во наредниот период, кога ќе можеме со достоинство да го одбележиме нивното дело и да покажеме хуманост, како што тоа би го сакал Панчо.
Сите кои сакаат да учествуваат пејачи, бендови, техничка поддршка или на кој било начин да помогнат нека ми пишат во порака. Да го направиме ова заедно, како што би сакал тој.
Споделете го ова за да видат што повеќе луѓе кои сакаат да ми помогнат заедно да го реализираме заедно во иднина и тагнете ги сите да го видат ова”, стои во објавата.
Фото: Принтскрин/Instagram
