Автор: Никола Тасев

Увид во градежните работи во Бардовци изврши градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој ги образложи веќе постоечките зафати, со кои се решаваат комуналните проблеми на граѓаните, но и најави нови инфраструктурни проекти, кои ќе бидат инвестирани во ова населено место.

Прочитај Повеќе

Просторот околу Зелено пазарче беше расчистен од кабаст отпад, а беа отстранети стари кревети, санитарии, картонски кутии, штици и друг смет расфрлан околу зградите, информираа од општина Центар. Од таму им се заблагодарија на хигиеничарите за нивната посветеност и напорна работа во вакви пеколни услови, на температури над 40 степени и апелираа до сите, да се однесуваат домаќински, за да се живее во почиста и побезбедна средина.

Прочитај Повеќе

Општина Центар распиша јавен повик за практикантска работа, наменет за студенти и апсолвенти од Градежниот и Архитектонскиот факултет. Повикот ќе трае до 20 јули, а практикантите ќе започнат со работа на 1 август. -Ова е втор јавен повик годинава, а од претходниот веќе се ангажирани четворица практиканти во општината. Целта е младите да стекнат работно искуство и да видат како функционира една општина одвнатре. Воедно, за оние кои ќе покажат сериозност и посветеност, ова може да биде и шанса за идно вработување, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Прочитај Повеќе

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваа податоците од направените анализи на 209 примероци од 45 мерни места. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 30 јуни до 04 јули зема примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прочитај Повеќе

Додека Скопје е жедно за вода, инспекциите на Градот секојдневно ловат диви приклучоци на водоводната мрежа. Од таму јавија дека секојдневно лоцираат по 30-тина диви приклучоци, а некои од нив се со енормна потрошувачка. Така викендов беше откриен див приклучок кој полевал големи површини на пластеници со питка вода. Градоначалничката Данела Арсовска на својот профил на социјалните мрежи објави најнов случај на фатен див приклучок, за кој, како што таа напиша, сторител е извесен инспектор од МВР наречен Бујо, кој во бес, физички нападнал советничката во Град Скопје и тоа пред очите на неговите колеги од МВР и пред десетина…

Прочитај Повеќе

Жителите на повисоките делови од скопската населба Водно веќе трет ден се без вода, додека температурите во градот надминуваат 40°C. Во писмен апел до медиумите, тие бараат јавноста да биде информирана за, како што велат, условите во кои живеат – без можност за пиење, лична хигиена и одржување на домаќинствата. „Се обраќаме како жители на населбата Водно – симболично (иронично) наречена ‘елитна населба’, но очигледно само по цена на метар квадратен, не и по третманот што го добиваме како граѓани,“ се наведува во писмото. Граѓаните објаснуваат дека, иако се приклучени на градската водоводна мрежа и редовно ги подмируваат своите обврски,…

Прочитај Повеќе

Кривичниот совет ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор наместо куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски и избега. Обвинетиот веќе е спроведен во Затвор Скопје – Скопје, информираше попладнево Кривичниот суд. Одлуката следува по жалбата од Обвинителството за определената мерка куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл. Од Обвинителство, исто така, информираа дека кај нив лицето е евидентирано со една пресуда за насилство како малолетник и една за непочитување на здравствени прописи…

Прочитај Повеќе

Полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишиле од слобода скопјанецот Д. Н. поради основано сомнение дека подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на улицата Стево Црвенковски во Ѓорче Петров. „Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода“, информира МВР.

Прочитај Повеќе

Од денес се намали малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ поскапе за 0,50 денари/литар. Според новата цена ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се точи за 74 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 76 денари, додека горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС за 70 денари.

Прочитај Повеќе

Вечерва во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето”, со почеток во 20:30ч. во Театар Комедија ќе се одигра танцова претстава „АЈДЕ!”. Претстава „АЈДЕ!” преку препознатлив ритам и музика, со танц, раскажува за неостварена љубов во доминантно патријархална средина и ја оживува ромската музика и фолклор на сцената. Таа има за цел да ја подигне свеста за вредноста на животот, личната слобода и општествените норми во современиот контекст.

Прочитај Повеќе