Улиците на Мадрид вчера биле преполни со стада овци и кози, како и со илјадници луѓе, за време на годишниот фестивал што го слави руралното наследство на областа.
Парадата на овците со ѕвона, блеење и музика го привлекло вниманието на бројни посетители.
Секоја година, организаторите на Фестивалот на трансхумација „движење помеѓу сезонски пасишта“ оживуваат пасторална сцена на улиците на шпанската престолнина.
Фестивалот, исто така, укажува на еколошките предности на традиционалното пасење, при што говедата се користат за чистење грмушки и друга запалива вегетација, со што се намалува ризикот од ширење на шумските пожари.
Оваа година, на улиците имало околу 1.100 мерино овци и 200 кози, соопштиле организаторите.
Шпанскиот главен град се наоѓа на древна рута за миграција која била дел од огромна мрежа од земјоделски патеки на Иберискиот Полуостров, објавија шпанските медиуми.
На местото каде што сега се наоѓа градот, порано имало отворени полиња и шуми, пресечени со патишта за добиток. Како дел од фестивалот, организаторите му плаќаат на градот симболична такса за безбедно поминување на животните.
Мадрид го одржува овој фестивал од 1994 година. Помалите градови во Италија, Франција и Калифорнија организираат слични настани.
Фото: Принтскрин/TouTube
