Автор: Никола Тасев

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак, на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Прочитај Повеќе

По половина век, улицата „Ѓорѓи Димитров“ во Кисела Вода доби целосно нов лик. Веста ја соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при што истакна дека станува збор за една од најважните сообраќајници во Општината. Реконструкцијата вклучува проширување на коловозот за дополнителни 12 метра, изградба на нови тротоари и паркинг места и зелен појас.

Прочитај Повеќе

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ започна Европскиот младински олимписки фестивал Скопје 2025. Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство. ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини, а натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет. Ќе учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и…

Прочитај Повеќе

Земјотрес се почувствува синоќа во Скопје. Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од територијата на, а бил со јачина од 2,6 степени по Рихтер. iframe src=”https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FPrvaSkopskaTV%2Fvideos%2F1131782945651923%2F&show_text=true&width=560&t=0″ width=”560″ height=”429″ style=”border:none;overflow:hidden” scrolling=”no” frameborder=”0″ allowfullscreen=”true” allow=”autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share” allowFullScreen=”true”>

Прочитај Повеќе

Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска. Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје и е прва соработка по потпишаниот Меморандум за продлабочување на културна и уметничка размена меѓу Македонија и Црна Гора. Во претставата играат актери од двете земји.

Прочитај Повеќе

Турнир во мал фудбал во Кучевиште, за во сабота најави градоначалникот на Чучер Сандево Сашко Комненовиќ. Тој на својот фејсбук профил најави и културно музичка програма со пеачите Петар Митиќ и Јелена Проле.

Прочитај Повеќе

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура, од општина Илинден објавија дека во употреба се пушти пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино. Градоначалникот Александар Георгиевски посочил дека изградбата на овој препумпен уред, кој е опремен со три потопни пумпи специјално дизајнирани за транспорт на отпадни води со висока ефикасност и сигурност, претставува еден од најмодерните и најнапредните пумпни станици во општината.

Прочитај Повеќе

На собири со граѓани од општина Карпош активен е и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Сотир Лукровски кој вечерва во 19 часот ќе оствари нова средба во паркот „Фонтана“во непосредна близина на трговските центри „Лептокарија“ и „Сити Мол“. Тој вчера, најпрво се дружеше со пензионерите од Карпош во комплексот „Македонско село“, а навечер имаше средба со жителите на Козле. „Многу разменети идеи и предлози, со една цел, поубав и похуман Карпош. Тука живеат луѓе со визија, срце и искрена желба за подобра иднина“, изјави Лукровски.

Прочитај Повеќе

„Отпочнавме целосна реконструкција на улицата „Милан Зечар“ во Стар Аеродром“, информираше преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Според Митески, ова е многу значаен проект, во висина од над 20 милиони денари, кој опфаќа три оски од оваа улица кои минуваат низ Стар Аеродром и кои се многу фреквентни. Тој додаде и дека во наредниот период ќе се уреди и пристапот до објектот „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ со што значително ќе се олесни згрижувањето на дечињата.

Прочитај Повеќе

„Со 352 милиона денари за капитални инвестиции за 24 проекти, општина Ѓорче Петров го започнува историски најголемиот инвестициски циклус, најави градоначалникот Александар Стојкоски преку социјалните мрежи. Според Стојкоски во следниот период ќе се градат и реконструираат повеќе улици, ќе се гради нова детска градинка во с. Ново Село, ќе се доградуваат училници во училиштата „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Јоаким Крчовски“. А ќе се работи и на нови јавни површини и плоштади.

Прочитај Повеќе