Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а максималните температури ќе се движат од 31 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температура до 39 степени. За време на викендот претпладне ќе преовладува сончево и топло време, но попладне на повеќе места се очекува нестабилност. Локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места процесите може да бидат во форма на невреме. При поинтензивните нестабилни процеси ќе има силен ветер и услови за појава на град.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
