Локалните избори денеска официјално завршија и во Град Скопје и во уште 29 општини, на кои се одлучуваше во вториот круг, откако Државната изборна комисија ги официјализираше резултатите. За три општини: Брвеница, Карпош и Шуто Оризари, каде што има приговори ќе се почека завршувањето на правната постапка.
Од денеска вториот мандат почна за Дејан Митески во Аеродром и на Горан Герасимовски во Центар. Сотир Лукровски за Карпош и Курто Дудуш за Шуто Оризари ќе почека да се решат приговорите.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
