Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Троен триумф за Драмски театар Скопје на фестивалот „Стоби 2025“!
    Култура

    Троен триумф за Драмски театар Скопје на фестивалот „Стоби 2025“!

    08/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар Скопје ја однесе главната награда на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025, освојувајќи вкупно три престижни признанија.

    Награда за најдобра претстава
    Со едногласна одлука, жирито во состав Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски ја прогласи „Ифигенија за ништо“ за најдобра претстава на фестивалот.

    „Претставата се издвојува со силна концептуална визија, која античката трагедија ја претвора во современ политички и егзистенцијален коментар,“ стои во образложението.

    „Со минималистички, но прецизен сценски јазик, создава длабоко емотивно и интелектуално искуство што ја поврзува митологијата со реалноста на денешниот човек.“

    Награда за најдобра режија – Филип Петковски
    Режисерот Филип Петковски е добитник на наградата за режија за својот моќен и визуелно впечатлив пристап.

    „Петковски создава универзум во кој трагедијата пулсира меѓу древното и модерното. Неговата режија е суптилна, но интензивна – води кон вистинска катарза,“ се вели во Одлуката.

    Награда за најдобра женска улога – Јелена Жугиќ
    Првенката на Драмски, Јелена Жугиќ, блесна во улогата на Клитемнестра, носејќи ѝ на претставата трето признание.

    „Со моќна енергија и прецизна емоционална контрола, Жугиќ создава потресна и комплексна Клитемнестра – мајка и жена која се бори меѓу љубовта, болката и одмаздата,“ нагласува жирито.

    Награда за најдобра машка улога – Марко Трајковиќ
    Одделно, жирито го награди Марко Трајковиќ од Кумановски театар за улогата на Калигула во истоимената претстава, за „извонредна психолошка длабочина и интензитет“.

    Фестивалот „Стоби“ уште еднаш потврди дека античката драма и понатаму инспирира современи уметнички визии, а младите театарски творци ѝ даваат нов, човечки и силен глас.

    Претставата „Ифигенија за ништо“ повторно ќе биде на репертоар на Драмски театар Скопје на 6 ноември, со времетраење од 105 минути.
     Претставата не се препорачува за лица под 16 години.

    драмски театар ифигенија стоби 2025 три награди фестивал
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Модна ревија и изложба на италијански очила: Oд 1940 до денес во Скопје

    16/04/2026

    ГТЦ станува фестивалска сцена: „Malomfesztivál“ гостува овој викенд

    16/04/2026

    Отворена изложбата „Инспирации“ до 26 Април: Европски искуства за Скопје 2028 во Музејот на град Скопје

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.