Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија
    Република

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    29/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На денешен ден, 29 ноември, во поранешна Југославија се славеше Денот на Републиката, еден од најголемите државни празници, кој за милиони граѓани остана симбол на едно време, заедничка држава и спомени од младоста. Празникот се одбележуваше во чест на Второто заседание на АВНОЈ, одржано во 1943 година во босанскиот град Јајце, кога биле поставени темелите на идната федеративна Југославија.

    На историското заседание, на кое присуствувале 142 делегати, било одлучено новата држава да се организира како федерација, а на Јосип Броз Тито му била доделена титулата маршал на Југославија. Точно две години подоцна, на 29 ноември 1945 година, била укината монархијата и прогласена Федеративна Народна Република Југославија, составена од шест републики, меѓу кои и Македонија.

    РЕКЛАМА

    Денот на Републиката се празнуваше два дена, со свечени академии, културни приредби и бројни прослави, додека за првачињата особено значаен беше приемот во Сојузот на пионерите, кога добиваа црвени марами и сини капи. За многу семејства празникот значеше неработни денови, патувања и семејни собири, а во руралните средини традиционално се поврзуваше и со подготовката на зимницата и колењето свињи.

    РЕКЛАМА

    Иако Социјалистичка Федеративна Република Југославија се распадна во почетокот на деведесеттите години, 29 Ноември продолжи да се слави во Сојузна Република Југославија, составена од Србија и Црна Гора, сè до неговото официјално укинување во 2002 година. Денеска овој датум предизвикува различни чувства и толкувања, од носталгија за заедништвото и социјалната сигурност до критики за еднопартискиот систем и политичките ограничувања во поранешната држава.

    Осумдесет и три години по историското заседание во Јајце, Денот на Републиката повеќе не е официјален празник, но за генерациите што пораснаа во Југославија, 29 Ноември останува датум што тешко се заборава.

    Поврзани вести:

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    Обвинителството отвори постапка за тешко повредената жена од Гостивар, сопругот е приведен

    Обвинителството отвори постапка за тешко повредената жена од Гостивар, сопругот е приведен

    Речиси секој четврти активен млад човек е невработен, Македонија бара 10.000 странски работници

    Речиси секој четврти активен млад човек е невработен, Македонија бара 10.000 странски работници

    За православните верници денеска започнува Божикниот пост

    За православните верници денеска започнува Божикниот пост

    Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата – одлуката е со одложено дејство од 1 април

    Уставниот суд го оцени за неуставен Колективниот договор за културата – одлуката е со одложено дејство од 1 април

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    29 ноември празник сфрј
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    29/11/2026

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    28/11/2026

    Обвинителството отвори постапка за тешко повредената жена од Гостивар, сопругот е приведен

    28/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.