Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Укинати сите забрани на патиштата во Македонија, сообраќајот нормализиран по денешните врнежи од снег
    Република

    Укинати сите забрани на патиштата во Македонија, сообраќајот нормализиран по денешните врнежи од снег

    29/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сите забрани за сообраќај на патиштата низ Македонија се укинати, а патните правци се целосно проодни, соопшти пред малку Јавното претпријатие „Македонија пат“. Според последните информации, сообраќајот е нормализиран по проблемите што ги предизвикаа снежните врнежи, а дежурните екипи остануваат на терен и продолжуваат да ја следат состојбата, особено на повисоките планински места.

    РЕКЛАМА

    Претходно, во текот на денот, целосно беше блокиран регионалниот пат Куманово – Свети Николе, откако товарно возило излета од коловозот во близина на селото Скачковце. Сообраќајот на оваа делница беше прекинат од 8 часот и 15 минути за сите видови моторни возила, поради што возачите беа принудени да користат алтернативни правци или да чекаат расчистување на патот.

    РЕКЛАМА

    Поради снегот и лизгавите коловози, во текот на денот важеа и забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, преку планинскиот превој Стража, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Битола – Ресен преку превојот Ѓавато. Уште во утринските часови беа укинати ограничувањата на превојот Буково, на патот Ресен – Охрид, како и на делницата Делчево – граничен премин Делчево.

    Иако сите ограничувања се укинати, од „Македонија пат“ апелираат возачите задолжително да поседуваат зимска опрема, да ја приспособат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни при возење низ планинските предели.

    Поврзани вести:

    МВР: 13 нарушувања на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме, три лица приведени

    МВР: 13 нарушувања на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме, три лица приведени

    Во Маврово 28 сантиметри снег, – 6 степени на Попова Шапка

    Во Маврово 28 сантиметри снег, – 6 степени на Попова Шапка

    Камион се излизга и го блокира патот кон Свети Николе

    Камион се излизга и го блокира патот кон Свети Николе

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    Некогаш се славеше како Ден на Републиката: 29 Ноември – празникот на поранешна Југославија

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    Снегот ја покри Македонија: Патиштата проодни, но забрана за камиони на неколку планински превои

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    Сиљановска-Давкова: Децата уште од градинка треба да ги учиме дека насилството е неприфатливо

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    нормализиран сообраќај патишта Снег
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МВР: 13 нарушувања на јавниот ред и мир за Денот на албанското знаме, три лица приведени

    29/11/2026

    Во Маврово 28 сантиметри снег, – 6 степени на Попова Шапка

    29/11/2026

    Камион се излизга и го блокира патот кон Свети Николе

    29/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.