Градоначалничката на Смедерево, Јасмина Војиновиќ, денеска е уапсена по налог на Основното јавно обвинителство во овој град.
Според првичните информации, на Војиновиќ ѝ е определено полициско задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде спроведена на распит пред надлежен обвинител.
Во акцијата се уапсени и уште две лица – директорот на Јавното комунално претпријатие „Зеленило и гробишта“, Мирослав Илиќ, како и началничката на Градската управа во Смедерево, Иванa Стаменковиќ.
Засега официјално не се објавени сите детали за кривичните дела за кои се сомничат, но според неофицијални информации, случајот е поврзан со проблеми околу нелегална депонија во местото Јелен До и непостапување во врска со мерки за заштита на животната средина.
Надлежните институции дополнително треба да соопштат повеќе информации за истрагата и причините за апсењето.
