Украинскиот ракометар Дмитро Хорига и официјално ќе може да го носи дресот на македонската репрезентација. Левиот бек (29) ја доби дозволата од Светската ракометна федерација (ИХФ) за настап за Македонија, непосредно пред почетокот на квалификациите за Европското првенство 2028. Хорига е првиот натурализиран ракометар кој ќе заигра за македонската селекција откако Кире Лазаров ја презеде функцијата селектор. Од Ракометната федерација на Македонија потврдија дека сите административни процедури се завршени, а очекувањата се дека искусниот бек ќе донесе дополнителен квалитет во националниот тим. „Мислам дека добиваме ракометар кој ќе даде тежина и голем придонес. Тој е во зенитот на својата кариера…
Автор: K.
Речиси 25.000 граѓани досега покажале интерес за вакцинација против сезонски грип преку електронскиот систем vakcinacija.mk, а апликацијата за пријавување продолжува да биде активна пред почетокот на имунизацијата. Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се очекува да започне во периодот од 16 до 25 октомври, а првите 30.000 дози вакцини веќе се обезбедени. Станува збор за тривалентната вакцина „GCFLU Multi inj.“ од производителот GC Biopharma Corporation од Кореја, која, според надлежните, е одобрена од Светската здравствена организација и ги исполнува потребните критериуми за квалитет. „За вакцините е обезбеден сертификат за квалитет издаден од производителот, како и сертификат од референтна лабораторија…
Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, рече Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. Опозицијата бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и како негови пропусти ги наведува петте тони дрога кои преминаа граница, криминалните тендери и тепењето на младите во Ново Село, пожарот во Кочани, излегувањето на Артан Групи од куќен притвор со петарди и факели
Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ и Францускиот институт во Скопје потпишаа Меморандум за соработка под покровителство на Град Скопје, со цел развој на заеднички културни проекти, размена на уметници и експерти и унапредување на културните и креативните индустрии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на потпишувањето истакна дека партнерството ќе овозможи поврзување на македонските уметници со европската културна сцена и создавање нови културни содржини за граѓаните. Посебен акцент, ќе биде ставен на соработката со францускиот град Бурж, со кој Скопје во 2028 година ќе ја споделува титулата Европска престолнина на културата, како и на можноста за организирање „Француска сезона во…
Од март стартува директна авионска линија Дубаи – Скопје, трипати неделно, информираше денеска министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој се наоѓа во посета на ОАЕ. -Директната линија ќе отвори нови можности за унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за натамошно зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји – напиша министерот на Фејсбук. Муцунски истакна дека ова е конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра поврзаност,
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека Ива Михаилова нелегално била пренесена во Бугарија и категорично ги отфрли информациите дека таа и нејзиниот адвокат ја преминале границата преку официјален граничен премин. Мицкоски најави дека Министерството за внатрешни работи истражува како Михаилова ја напуштила Македонија и додаде дека последниот евидентиран влез на нејзиниот адвокат во Македонија бил на 28 септември, што, како што рече, било потврдено и од бугарската страна. Тој обвини дека бугарското политичко раководство и СДСМ се на иста линија и преку случајот на Ива имаат намера да создадат политичка тема со намера да влијаат на рејтингот владејачката коалиција и ВМРО-ДПМНЕ…
Компанијата „Кромберг и Шуберт“ почнува нов инвестициски проект, каде што во следните четири години се предвидува отварање нови 2.000 работни места – соопшти премиерот Христијан Мицкоски и посочи дека таму ќе се произведуваат автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант „Ауди“. Тој нагласи дека ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот регион и за целокупната економија, но и потврда дека државата располага со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди. Според ппремиерот во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на „Ауди“ со планиран обем од над 3000…
Европската Унија може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниедна земја членка да нема приговор/ вето на таквото барање, објави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО како реакција на тезите на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет и неговото тврдење дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. -Користењето на терминот македонски јазик во преговарачката рамка на ЕУ не е ист правен акт со потребата од нова едногласна одлука за негово…
Штипската полиција вчера го пронајде возачот од Штип кој во понеделникот стана ѕвезда на социјалните мрежи со опасниот потег „дрифтање“ и по целсно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. МВР соопшти дека станува збор за 22-годишник од Штип кој го управувал патничкото возило „опел“ на начин со кој намерно предизвикувал пролизгување на возилото, што се гледа на самото видеото, а полицијата утврди дека тој го управувал возилото без возачка дозвола.
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и ќе поведе и дисциплинска постапка. Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, во два наврати и покрај тоа што не дарувал крв на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови по што ги искористил.