По повод најавените попусти во рамки на кампањата „Black Friday“ Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведе засилени вонредни инспекциски надзори кај трговците на целата територија на државата во однос на лажно прикажување попусти, неосновано зголемување на цените пред нивното намалување и неточно и доведувачко рекламирање.
Контролите ќе бидат насочени кон законитоста на продажните акции, начинот на огласување на попустите, означувањето на цените и информирањето на потрошувачите за условите под кои се нудат производите, со посебен акцент на продажбата на апарати за домаќинство, бела техника, електронски уреди, мобилни телефони, компјутерска опрема, облека, обувки, мебел и други производи кои во овој период се нудат по намалени цени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
