Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Колумни»Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз
    Колумни

    Ахмети се заканува и ги испомеша орлите со лавовите, а всушност треба да го прифати изборниот пораз

    23/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пишува: Никола Тасев

    Али Ахмети повторно се обидува да се заканува. На неделниот конгрес ги извади истите, одамна потрошени трикови. Со говор полн со закани, митологија и самовеличење се обиде да нe убеди дека сe уште ги држи конците на Македонија во свои раце.

    Го заборави тој поразот од локалните избори или се уште од него му се врти во главата па му дојдоа вакви изблици? Или пак, може е лут оти гледа чести апсења на неговите соработници за криминали направени додека беше на власт?

    Во занесот дури и се пофали дека тој ја растурил Југославија. А ете и сега ако излегол на улица, немало да се врати дома.

    Дали ова опозиционерот Ахмети пак се заканува? Мора ова да го дообјасни лидерот на ДУИ.

    Но, треба да знае дека неговата воинствена реторика не е храброст, ниту визија, туку признание на политичка немоќ и лош обид да се зачува популарноста меѓу македонските Албанци.

    Неговиот говор не беше порака за иднината, не беше визија за национално единство, туку ехо од минато кое упорно го вади на маса, кога нема други аргументи.
    Воедно тој покажа дека воопшто и не знае што е право и суд, кога почна да бара и Бадентер во одлуки кои треба да ги донесуваат судовите. Тоа е голем доказ дека нему му се измешани работите правдина, правда и националност. А секогаш дава предност само на својата националност.

    Најдобро е Ахмети да се сталожи, да го прифати поразот и да си ја реформира партијата. А и да не меша работи од типот – до вчера уверуваше дека раководел со орли, сега му се гледаат лавови во неговите редови.

    Не, лавовите се на друго место.

    Поврзани вести:

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    14/10/2026

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    14/10/2026

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.