Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица: Студентите се оштетени за 400 милиони денари, утре повторно поднесуваме закон за повисок студентски оброк
    Политика

    Левица: Студентите се оштетени за 400 милиони денари, утре повторно поднесуваме закон за повисок студентски оброк

    29/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пратеничката група на Левица утре повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк. Од партијата тврдат дека поради повеќегодишното неусогласување на износот со инфлацијата, студентите досега биле оштетени за околу 400 милиони денари.

    Од Левица реагираат на последните изјави на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, обвинувајќи дека наместо да даде одговор зошто не се исполнува законската обврска за усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, таа ја доведува во прашање оправданоста на студентскиот протест.

    Според партијата, зголемувањето на износот на субвенционираниот студентски оброк во согласност со инфлацијата е законска обврска, а не прашање за кое министерката може самостојно да одлучува.

    РЕКЛАМА

    Од Левица оценуваат дека најавените нови модели за субвенционирање на студентскиот оброк, чија примена се очекува од октомври 2027 година, не го решаваат проблемот со досегашното неусогласување на износот.

    „Ова скромно право на студентите не треба да биде предмет на пазарење за средства што и онака им следуваат согласно закон“, наведуваат од Левица.

    Од партијата посочуваат дека во изминатиот период ги искористиле расположливите институционални механизми за решавање на проблемот, преку поднесување законски измени и амандмани, иницирање судска постапка и доставување претставка до Народниот правобранител.

    РЕКЛАМА

    Според Левица, парламентарното мнозинство во неколку наврати ги одбило нивните предлози за зголемување на студентскиот оброк, додека министерката сега ги упатува студентите да ја чекаат судската разрешница за остварување на право кое, како што нагласуваат од партијата, веќе им е загарантирано со закон.

    Од Левица сметаат дека одговорноста за објаснување на причините поради кои не е извршено усогласувањето на студентскиот оброк со инфлацијата е кај министерката и надлежните институции, а не кај студентите кои преку протест бараат остварување на своите права.

    Со повторното поднесување на предлог-законот, пратеничката група на Левица ќе се обиде повторно да го стави прашањето за зголемување на субвенционираниот студентски оброк на собраниската агенда.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе добијат картичка со 20 отсто попуст, што ќе важат во текот на целата година

    ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе добијат картичка со 20 отсто попуст, што ќе важат во текот на целата година

    ВМРО-ДПМНЕ најавува два нови закона за полесно обезбедување сопствен дом за младите

    ВМРО-ДПМНЕ најавува два нови закона за полесно обезбедување сопствен дом за младите

    Левица: ВМРО-ДПМНЕ одби три амандмани за заштита на жртвите од семејно насилство

    Левица: ВМРО-ДПМНЕ одби три амандмани за заштита на жртвите од семејно насилство

    Жена од Гостивар се бори за живот по пријавено семејно насилство, СДСМ бара итна собраниска седница

    Жена од Гостивар се бори за живот по пријавено семејно насилство, СДСМ бара итна собраниска седница

    Од следната недела нов повик за ИПАРД – европски пари за земјоделците и руралните бизниси

    Од следната недела нов повик за ИПАРД – европски пари за земјоделците и руралните бизниси

    Ангелова со пратенички прашања за реформите во образованието и отворањето нови детски градинки

    Ангелова со пратенички прашања за реформите во образованието и отворањето нови детски градинки

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    закон левица студенти студентски оброк
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Студентите ќе добијат картичка со 20 отсто попуст, што ќе важат во текот на целата година

    29/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ најавува два нови закона за полесно обезбедување сопствен дом за младите

    28/11/2026

    Левица: ВМРО-ДПМНЕ одби три амандмани за заштита на жртвите од семејно насилство

    28/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.