Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»„Флајдубаи“ ја враќа линијата Скопје – Дубаи, првите летови од април 2027 година
    Економија

    „Флајдубаи“ ја враќа линијата Скопје – Дубаи, првите летови од април 2027 година

    04/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонските патници повторно ќе имаат директна авионска врска меѓу Скопје и Дубаи, откако авиокомпанијата „Флајдубаи“ најави дека од 1 април 2027 година повторно ќе ја воспостави оваа линија.

    Според најавениот распоред, летовите ќе се реализираат трипати неделно – секој понеделник, четврток и сабота. Авионот од Скопје ќе полетува во 14:30 часот и ќе пристигнува во Дубаи во 21:45 часот по локално време. Повратните летови од Дубаи ќе бидат во 9:55 часот, со пристигнување во Скопје во 13:30 часот.

    Најниската цена за повратен билет во економска класа, според објавените информации, започнува од 580 евра, додека билетите во бизнис-класа се нудат од околу 3.000 евра. Конечната цена ќе зависи од периодот на патување, достапноста и условите за резервација.

    Враќањето на директната авиолинија ќе овозможи и полесни поврзувања со повеќе далечни дестинации преку Дубаи. Благодарение на соработката со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да продолжат кон Австралија, Шангај, Сингапур, Бангкок, Коломбо и Занзибар.

    Од авиокомпанијата посочуваат дека линијата е особено значајна за македонската дијаспора во Азија и Австралија, но и за деловните патници и туристите. Истовремено, директната врска се очекува да придонесе и за поголем број туристи од Обединетите Арапски Емирати во Македонија.

    „Флајдубаи“ првпат започна да лета на релација Скопје – Дубаи во октомври 2012 година, а со повторното воведување на линијата повторно ќе биде присутна на македонскиот авиосообраќаен пазар.

    Поврзани вести:

    Николоски во Германија: Нови инвестиции во фокусот на средбата со Хендрик Вуст

    Николоски во Германија: Нови инвестиции во фокусот на средбата со Хендрик Вуст

    Николоски: Германските компании заинтересирани за нови инвестиции и проширување на бизнисот во Македонија

    Николоски: Германските компании заинтересирани за нови инвестиции и проширување на бизнисот во Македонија

    Мицкоски: Германскиот Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија

    Мицкоски: Германскиот Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија

    Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, лимит за повлекување до 10.000 денари неделно

    Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, лимит за повлекување до 10.000 денари неделно

    Народна банка: Одлуката за „Алта банка“ во Србија не значи автоматски мерки за „Алта банка“ Битола

    Народна банка: Одлуката за „Алта банка“ во Србија не значи автоматски мерки за „Алта банка“ Битола

    Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година: Приходи од 395,4 милијарди, капитални инвестиции од 40,8 милијарди

    Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година: Приходи од 395,4 милијарди, капитални инвестиции од 40,8 милијарди

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски во Германија: Нови инвестиции во фокусот на средбата со Хендрик Вуст

    03/11/2026

    Николоски: Германските компании заинтересирани за нови инвестиции и проширување на бизнисот во Македонија

    02/11/2026

    Мицкоски: Германскиот Телеком разгледува нови инвестиции во Македонија

    02/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.