Земјотрес со мала јачина денеска беше почувствуван во Скопје и околните подрачја. Потресот е регистриран во 12:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри источно од градот и 87 километри југоисточно од Приштина.
Според првичните информации, земјотресот имал јачина од 2,7 степени и се случил на длабочина од приближно 6 километри.
Надлежните засега не пријавуваат повредени лица или материјална штета. Сеизмолошките служби продолжуваат да ја следат состојбата и најавуваат дополнителни информации доколку има промени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
