Во делови од Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека поради движењето на официјалната делегација, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот во централното градско подрачје.
Поради тоа, во одредени периоди се можни краткотрајни застои и пренасочувања на сообраќајот по трасите по кои ќе се движи делегацијата.
Од МВР ги повикаа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници, со цел непречено одвивање на официјалната посета и безбедност на сите учесници во сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
