Жителите на дел од Горно Соње денеска ќе останат без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето.
Од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информираат дека прекинот ќе го опфати подрачјето околу црквата „Свети Никола“ во општина Сопиште.
Електричната енергија ќе биде прекината во периодот од 9 до 12 часот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
