Општина Кисела Вода оствари средба со делегација од унгарската општина Игал, предводена од градоначалникот Имре Санто, на која се разговараше за можностите за продлабочување на меѓуопштинската соработка во повеќе области од заеднички интерес.
На средбата се разговараше и за унапредување на културната соработка, размена на културни содржини, како и за можностите за заеднички проекти и настани на општинско ниво.
Во фокус беше и локалниот економски развој, со цел да се создадат нови можности за партнерства и реализација на иницијативи од кои придобивки ќе имаат граѓаните на двете општини.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
