Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Колумни»Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?
    Колумни

    Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно?

    07/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Бездомните кучиња стануваат „домаќини“ во одделни скопски населби. Не испраќаат наутро кога одиме на работа, не дочекуваат доцна попладне, ако има ноќни прошетки и тие се тука, ако одите до продавница ќе ги сретнеме пак…

    Главниот скопски плоштад „Македонија“ одамна е локација на која постојано ги има, цела глутница секојдневно може да се забележи кај Новата железничка станица, групи има и во Аеродром околу ТЦ „Бисер“, кај поранешната слаткарница „Стела“, ги има и во Карпош… Скопјани забележуваат дека групите стануваат и поголеми.

    -Многу кучиња скитници има. А еден дел од нив се и агресивни особено навечер ако поминеш на „нивната територија“ со велосипед на пример. Дури и оние што се мирни, ама се бајаги големи ги плашат дел од луѓето кога одат околу ТЦ „Бисер“. Проблемот мора да се решава, ни прокоментира една аеродромка.

    Нема ден, а во полициските извештаи да не се наведе дека некој граѓанин не бил каснат од куче. Не ретко има и напади од луѓе врз животните, има и труења. Сето тоа укажува дека проблемот со бездомните кучиња во Скопје мора да се решава многу понастојчиво. 

    Градско претпријатие „Лајка“, неколку групи-волонтери и здруженија на граѓани, граѓани-ентузијасти… се оние кои на свој начин помагаат и се грижат за решавањето на овој голем проблем. Меѓутоа, и тие не може да постигнат.

    Од „Лајка“ информираат дека на подрачјето на Скопје има повеќе од 5.000 бездомни кучиња. Од нив, само половина биле стерилизирани што значи дека останатите може да се размножуваат.   

    Посебен проблем што таа го наведе било тоа што во Скопје се носат кучиња од други градови и се оставаат по скопските населби. Полицијата знаела за оваа појава, но не знаела каков налог да издаде да ги санкционираат сторителите…

    Сето ова укажува дека досегашниот однос не дава доволно резултати и дека нешто сериозно мора да се менува. На сето ова неодамна укажаа и од невладината организација за заштитаа на животните „Анима мунди“.

    Зарем ќе се чека во Скопје да има 10.000 бездомни кучиња за да се реагира посоодветно? Прашањето е и до Град Скопје и до скопските општини и до полицијата. 

    Поврзани вести:

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Сопиште и Ѓорче Петров денес без струја

    07/09/2026

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    04/09/2026

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.