Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, кој на моменти ќе надминува 60 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 4 до 10 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 15 и 21 степен.
Во Скопје се очекува слично време – сончево со умерена облачност и умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 20 степени.
Според прогнозата на УХР, утре ни претстои период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На одделни места врнежите ќе бидат пообилни. Стабилизирање на времето се очекува кон крајот на неделата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
