Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Во Охрид почна изградба на нова катна гаража
    Република

    Во Охрид почна изградба на нова катна гаража

    01/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а присустуваа и на почетокот на изградбата на катна гаража во центарот на градот.

    Премиерот во оваа прилика истакна дека дел од приоритетите што ги имала Општина Охрид, како и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците, се реализирани, дел се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат.

    – Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе можете да го видите прогресот на автопатот којшто е пуштен во сообраќај и којшто очекуваме согласно претходните најави да бидат целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна да речеме првиот квартал од 2027 година. Знаете со какви предизвици се соочувавме. Беше откажан кредитот од страна на кинеската „Ексим“ банка, па со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде реализиран целосно до крај, рече тој.

    Како следен проект на кој ќе се посветени внимание тој го најави заокружувањето на проектот „Плаошник“, почнат одамна, а се уште недовршен.

    – Оваа година имајќи предвид можностите на буџетот одвоивме скромна сума на средства, но важно е да се до подготви проектната документација и следната година многу посилно да се излезе на терен и мислам дека со проектите коишто сега се реализираат и оние проекти за коишто претходно зборуваа и градоначалникот и потпретседателот на Влада ќе дојдеме до една би рекол физиономија којашто ја заслужува Охрид и охридското крајбрежје, рече премиерот, истакнувајќи дека се останува на претходно предвидените рокови и датуми за завршување на постоечките и додефинирање на другите проекти и приоритети коишто во периодот што следи ќе бидат реализирани.

    Министерот Николовски изрази задоволство што стартува изградбата на катната гаража, проект за чиј старт биле неопходно бројни законски измени…

    – Само што беше избрана оваа Влада, ја олеснивме постапката за изградба на училишта, болници, градинки, амбулатни и катни гаражи и веќе го имаме првиот едект. Предизвикувачки за овој проект беше што требаше да се вклопат три заштити – едната на УНЕСКО, втората за заштита на културното наследство и третата архитектонската заштита. Со поддршка на Општината, на Завод и Музеј – Охрид и на Министерсството за култура, Министерството за транспорт и врска можеже да ја издаде дозволата… Убеден сум дека веќе следната летна сеозна тука ќе се паркират и туристите и жителите на Охрид, рече Николовски посочуваји дека со изграбдата на гаражата ќе се придонесе за дополнително заживување на Чаршијата што значи економски бенефит за градот.

    Градоначалникот Пецаков од своја страна истакна дека за изготвување на документацијата за проектот за катната гаража биле потребни неколку години, како и решителност, како во оштинската администрација така и на централната власт за негова реализација.

    – Ова е голем ден за нашата општина. Охрид во моментов е градилиште, се спроведуваат и реализираат проекти, што во комбинираното финансирање од општинскиот буџет и со поддршка од Владата, изнесува некаде 15 милиони евра, што е историски најголемо. Позитивното работење на Општина Охрид во финансискиот дел, ни дозволува да реализираме и крупни проекти, рече Пецаков, истакнувајќи дека реализирацијата инфраструктурни проекти во градот и околината ќе продолжат и натаму со несмален интензитет.

    Катната гаража се гради на локација кај поранешниот паркинг зад Градскиот пазар, а проектот предидува објект на пет ката со околу 200 паркинг-места.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    катна гаража охрид
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    03/10/2026

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.