Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Колумни»Во Луна паркот има рингишпил каде се вртат празните ветувања на скопските градоначалници?
    Колумни

    Во Луна паркот има рингишпил каде се вртат празните ветувања на скопските градоначалници?

    07/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Старото детско вовче, два рингишпила, ситни градежни работи со поставување на павер-елементи е она што скопјани последниве месеци можат да го видат на соголениот простор на некогашниот омилен Луна парк во Градскиот парк. А беше најавувано дека Скопје ќе добие најдобар забавен парк на Балканот.

    Пред девет години се затвори овој простор каде претходно се забавуваа најмладите генерации, а веќе десет години само се редат ветувањата дека Луна паркот ќе се преуреди и направи поголем, поубав… Ама ништо од тоа. Нема засилени работни зафати, нема поставувања на нови забавни реквизити.

    Всушност, последните две години, како да секнаа и ветувањата од Градот Скопје дека нешто ќе биде направено и ставено во употреба, дури и со намален број на веќе набавените реквизити кои сега скапуваат по магацините.

    А најави дека скопјаните ќе добијат нов Луна парк се редат уште од 2011 година. Тогашниот градоначалник Коце Трајановски најави дека е распишан тендерот за избор на концесионер за изградба на нов луна парк. Но, потоа, градот Скопје реши да го гради со свои средства при што првата фаза започна во 2017 година за да се биде завршено до 2018 година. Но, тоа не се случи за потоа неговиот наследник Петре Шилегов во 2022 година да најави дека ќе продолжи реализацијата на проектот за нов забавен парк. Беше изработена и студија од италијанско архитектонско студио која беше презентирана во 2019 и подарена на Град Скопје и со која требаше да бидат вклопени седумте реквизити купени во времето на Трајановски, но и да се предвидат локации за поставување нови 20, како панорамско тркало, ролеркостер, тајфун, пиратски брод, рингишпил…

    Сепак, изградбата на луна паркот не започна до крајот на неговиот мандат но продолжија ветувањата на новата градоначалничка Данела Арсовска дека Луна парк ќе има. Така, таа во својата изборна програма вети „најдобар Луна парк на Балканот“ но и уште два забавни парка во Чаир и во Аеродром. На крајот на 2021 година, Арсовска вети дека веднаш на стартот на 2022 година ќе започне уредувањето на новиот Луна парк и за тоа беше донесена и одлука на Советот на Град Скопје. Подоцна, во текот на истата година најавуваше дека проектот е во завршна фаза и дека наскоро ќе почне партерното уредување, па потоа…

    Очигледно, наместо вртелешките во него, се вртат ветувањата на градските татковци.

    Поврзани вести:

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    Предлогот од Макрон и Мерц постави тешки задачи за ЕУ, Мицкоски и Филипче

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    СДСМ копајќи во својот рудник ја откри демократијата – сега го уважува референдумското изјаснување

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на иницијативност, работење и планско трошење на општинските средства?

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    ЕУ ја прошири неизвесноста околу своето проширување, ама проширено ветува дека сака проширување

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Сопиште и Ѓорче Петров денес без струја

    07/09/2026

    ОУ „Братство“ добива нова спортска сала, изградбата ќе трае три месеци

    04/09/2026

    Околу 20.000 посетители на „Карпошово културно лето 2026“

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.