Од вчера, мандатот како градоначалник на Карпош започна и за Сотир Лукровски. Се заокружи изборниот процес, а се зокружи и мапата на 10-те скопски општини и уште седум што гравитираат околу главниот град. Од 17 општини во скопскиот регион, во 15 ќе раководат кадри на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција.
Оваа коалиција ја има власта и на централни ниво.
Значи, сега веќе нема оправдувања, дојдено е време да се испорача работа и реализација на ветеното. Скопје и околните општини имаат многу проблеми и нерешени работи.
Вчера градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кажа дека имаат мнозинство и во градскиот совет и оти веќе нема простор за оправдувања за евентуални нереализирања на ветеното.
Скопјани веќе одбројуваат, времето тече – се чекаат резултатите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
