Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари.
Право на финансиска поддршка од 5.000 денари имаат примателите на старосна, семејна или инвалидска пензија, како и корисниците на право на социјална сигурност за стари лица, кои имаат постојано живеалиште во Општина Центар и чиј месечен износ на пензија, односно право на социјална сигурност, не надминува 28.050 денари.
За аплицирање е потребно да се достават пополнето барање, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка како и пензиски чек или потврда од банката во која ја примаат пензијата за јули или август 2016 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
