Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    28/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните изјави на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека одговорноста за состојбите во партијата ја префрла на други лица, наместо да се соочи со реалните проблеми.

    Од владејачката партија велат дека Филипче „постојано бара виновници“ за падот на СДСМ, откако поранешни функционери и членови на партијата јавно изразиле несогласување со неговото раководење.

    „Филипче излезе во јавноста и почна да го вперува прстот кон поранешни функционери и симпатизери на СДС кои не се согласуваат со него, наместо да се соочи со фактот дека проблемите во неговата партија се резултат на неговото водство“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата додаваат дека во последниот период се појавуваат иницијативи и опозициски фронтови од поранешни членови на СДСМ кои бараат промени во раководството, оценувајќи дека Филипче нема успеано да ја постави партијата како силна опозиција.

    „Никој не му е крив на Филипче што СДС се распаѓа. Напротив, на ВМРО-ДПМНЕ му одговара вакво СДС на чело со него“, стои во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според нив, СДСМ во изминатиот период не успеал да понуди јасна политичка понуда, туку се занимавал со ширење страв и креирање теми без резултат.

    „По две години ширење паника и хаос во јавноста, СДС со Венко не успеа да направи ништо, не успеа ниту да биде опозиција во вистинска смисла на зборот“, додаваат од партијата.

    ВМРО-ДПМНЕ оценува дека резултатите од изборните циклуси и јавното мислење, како што велат, покажуваат дека СДСМ се соочува со сериозна криза на доверба.

    „Ако продолжат вака, ќе исчезнат само како политичка партија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, но и средбата со Вреди

    ВМРО-ДПМНЕ почнува теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, но и средбата со Вреди

    Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

    Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

    СДСМ: Власта ги блокираше пратеничките прашања од страв од вистината

    СДСМ: Власта ги блокираше пратеничките прашања од страв од вистината

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ЗНАМ: Над 30 членови на СДСМ во Ѓорче Петров преминаа во нашите редови

    14/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема забрана за „Алта банка“ во ЕУ, бараме истрага за кредитот од 5 милиони евра

    14/11/2026

    СДСМ објави економски податоци: Македонија зад Србија, Црна Гора и Албанија според БДП по жител

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.