Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Владата и Македонски Телеком потпишаа стратешки меморандум
    Некатегоризирано

    Владата и Македонски Телеком потпишаа стратешки меморандум

    17/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во име на Владата на Република Македонија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес потпиша меморандум за соработка со Македонски Телеком, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Потпишувањето на овој стратешки документ претставува значаен чекор кон унапредување на дигиталната инфраструктура.

    Андоновски истакна дека ова е стратешки чекор напред во делот на дигиталната трансформација на државата и олеснување на барањата на граѓаните. 

    „Денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Македонски Телеком претставува стратешки чекор напред во нашата визија за дигитална Македонија – инфраструктурно поврзана, технолошки напредна и економски конкурентна. Со овој документ ја подигнуваме соработката на едно повисоко ниво – од досегашна меѓусебна поддршка, кон долгорочно стратешко партнерство со јасно дефинирани цели и заедничка одговорност”, истакна Андоновски. 

    Министерот за дигитална трансформација дополни дека освен во инфраструктурата, ќе се вложува и во луѓето. 

    „Македонски Телеком, како водечки приватен инвеститор во дигиталната инфраструктура и истовремено компанија со државен капитал, ќе се посвети на инвестиции со кои ќе обезбеди поврзување на 450.000 домаќинства и компании со гигабитни фиксни мрежи, да ја прошири покриеноста со 5G мрежа, и да изгради нов Tier 3 дата-центар. Но ова партнерство не е само инвестиција во инфраструктура и сервери – туку инвестиција во луѓето. Во рамките на овој Меморандум предвидуваме и активности за дигитална писменост, сајбер безбедност, поддршка на дигитални вештини во образованието и опрема во основните училишта“, подвлече министерот.

    „Наша визија е дигитализацијата да не ги оддалечува институциите од граѓаните, туку да ги приближува. Да создаде доверба, предвидливост и достоинство во секое административно искуство. Со вакви партнерства, покажуваме дека Македонија може да гради дигитална иднина што не ги заборава луѓето. Напротив – ги става во нејзиниот центар“, заклучи Андоновски.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    Поплави во Црна Гора, Котор е целиот под вода

    Поплави во Црна Гора, Котор е целиот под вода

    Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    Украина во мај ќе организира претседателски избори заедно со референдум за одобрување на мировен договор со Русија

    Украина во мај ќе организира претседателски избори заедно со референдум за одобрување на мировен договор со Русија

    Бегалец од затворот во Струмица пронајден и лишен од слобода

    Бегалец од затворот во Струмица пронајден и лишен од слобода

    Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

    Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    16/02/2026

    ДУИ да побара екстрадиција на Артан Груби ако е сериозна за борба против корупцијата, побараа од ВЛЕН

    16/02/2026

    Заев и Филипче доделиле лиценца на фирма за производство на канабис од која се запленети 30 тони марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    16/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.