Скопјани може малку да здивнат, воздухот е релативно почист. Виде ветерот дека институциите доцнат со реакција, па сам ја заврши работата растерувајки го загадениот воздух.
Но, ова не значи дека треба да здивнат и надлежните институции. Тие здивнуваат со години, сега е време за реакции оти ветерот само им даде малку време да се доразбудат.
Не е доволно да се најават засилени мониторинзи на потенцијалните загадувачи. Не е доволно и што е најавено во иднина да се дислоцира Усје. Не е доволно што се предложиле дополнителни средства во буџетот за борба против загадувањето.
Мора на терен да се почне со сериозна работа. И конечно мора да се има краткорочни планови и насоки што ако пак Скопје стане светски или еврипски првак во загадување. Секако, конечно треба да се подготват и среднорочни и долгорочни стратегии, зарем секогаш ќе се чека ветерот да не спасува?
