Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Титан Усје: Ние не сме виновни за загадувањето на воздухот во Скопје, фактите го покажуваат тоа
    Скопје

    Титан Усје: Ние не сме виновни за загадувањето на воздухот во Скопје, фактите го покажуваат тоа

    30/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Целосно неаргументирано и тенденциозно продолжува нападот кон нашата компанија. Овие напади, покрај тоа што не се базирани на аргументи, се и во насока на извртување на вистината.

    ТИТАН Усје како транспарента компанија, во интерес на вистината потенцира дека целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот, но тенденциозните и неаргументирани обвинувања не придонесуваат ниту малку за решавање на проблемите со амбиенталниот воздух.

    Потенцираме дека:

    Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје. Загадувањето во Скопје беше високо и во изминатиот период кога ТИТАН Усје воопшто не работеше. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работеа – едната, печка број 4, од 20.12.2025 година, а втората, печка број 3 од 16.01.2026 година, се до 29.01.2026 година, кога печката број 4, беше повторно вклучена, согласно работниот план. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работеше во овој период, највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна и до 275 микрограми на кубен метар. (Во прилог табели)

    ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог).

    Мерните инструменти се поставени од страна на SICK- Германија, и ТИТАН Усје нема никаков пристап до овие инструменти, односно се работи за независен мониторинг. Точноста на овие мерења се потврдува со редовна калибрација на уредите за мерење и повеќекратна проверка и од страна на овластени меѓународни тела.

    Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина.

    Сите независни студии, преку хемиска анализа на депозитот од амбиентниот воздух, укажуваат дека индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.

    Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови. Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајно решение во интерес на сите.

    Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни.

    Поврзани вести:

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Делови од Скопје денеска ќе останат без струја

    28/10/2026

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    27/10/2026

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.