Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.
Во периодот од 08:25 до 11:25 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Зеничка“ и „Коце Металец“ во општина Гази Баба.
Од 08:30 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците на улицата „Ѓорѓи Капчев“ и објектите на број 16 во општина Аеродром.
Во Визбегово, од 09:00 до 10:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од улицата 1, улицата „Камени Мост“ и дел од објектите на компанијата „Семата“ во општина Бутел.
Од 09:00 до 15:00 часот прекин ќе има и во објектот „Дрво Декор“ во населбата Драчево, општина Кисела Вода.
Во периодот од 11:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улицата 532 во Марино, општина Илинден.
Од 11:25 до 14:25 часот прекин е најавен за корисниците на улиците „Душан Тасковиќ“ и „Тајмиште“ во општина Гази Баба.
Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат и потрошувачите на улицата „Коста Новаковиќ“, на потегот од ЗУР маркет до крајот на улицата.
