Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
    Скопје

    ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

    25/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија.

    Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето треба да се бараат на друго место.
    Научните истражувања, направени од независни домашни и странски експерти, покажуваат дека квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопската котлина е под силно влијание на метеоролошките услови (струење на воздух, висока влажност, температурна инверзија и сл.), а од антропогените фактори влијанијата од индустријата имаат помало влијание од затоплувањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.

    Работата на ТИТАН Усје е континуирано контролирана од страна на Државниот инспекторат за животна средина. Последниот увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, институција која е надлежна за сите инсталации со А – Интегрирана еколошка дозвола, беше извршен на 18 декември 2025 година, при што инспекцијата повторно утврди дека нема отстапувања од законски дозволените лимити. Исто така, на 18 ноември годинава во ноќните часови имаше ненајавен инспекциски увид од страна на оваа институција и тогаш беше констатирано дека сите вредности се во законски дозволените рамки.

    Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:

    •Споредбените податоци јасно и недвосмислено укажуваат дека лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје нема корелација со работата на компанијата. Имено, во дел од зимските месеци, кога амбиенталниот воздух во градот е со најлош квалитет, компанијата ги врши редовните годишни ремонти на печките и тие се исклучени. Обратно, во летните месеци, кога печките работат со полн капацитет, амбиенталниот воздух во градот е со најмало загадување. Резултатите од мерењата го потврдуваат овој факт.

    •Сите досегашни јавно достапни научни истражувања и студии покажуваат дека индустријата не е меѓу главните причинители на лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во Скопје. Потврда на тоа е и фактот дека загаденоста во овој период е голема и во други градови во земјата, каде што нема индустрија.

    •ТИТАН Усје поседува А – Интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола, УСЈЕ има обврска да врши 24-часовен мониторинг на издувните гасови, согласно европските стандарди кои се транспонирани во националното законодавство. За таа цел, на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции, имаме инсталирано систем за мерење од германскиот производител SICK, кој е редовно калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании. Сите мерења континуирано покажуваат дека не се надминуваат законски определените Гранични Вредности на Емисии (ГВЕ), а кај дел, вредностите се неколкукратно пониски од законски дозволените лимити – на пример, кај вкупната прашина најчесто три до пет пати, а кај SO2 и неколку десетици пати пониски од дозволените.

    •На истите емисиони точки се прават и дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења исто така потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.

    •ТИТАН Усје е современ индустриски капацитет со високо ефикасен, комплексен систем на филтрирање, каде во секој филтер има по 2000 вреќи кои ја запираат прашината, која потоа се враќа во производниот процес и станува составен дел од финалниот производ.

    •Целосно се неточни тврдењата дека компанијата ги исклучува филтрите. Филтрите се неразделив дел од производната линија, односно кога работат печките, задолжително работат и филтрите.

    ТИТАН Усје ќе продолжи да работи согласно законските норми, со одговорен и транспарентен однос кон сите засегнати страни. Сите заинтересирани приватни и правни лица можат да дојдат и да ја посетат компанијата, но и да побараат дополнителни информации за нашата работа, технологија и мерките што се користат за да се обезбеди ефикасна заштита на животната средина.

    Поврзани вести:

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради официјална посета од Косово

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Жителите на Пинтија добија нова фекална канализација, заврши проектот на улицата „Саса“

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    Општина Кисела Вода ја зајакнува соработката со унгарската општина Игал

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Град Скопје повторно воведува електронско плаќање на данокот на имот

    27/10/2026

    Отчет на Ѓорѓиевски: Нови инвестиции го менуваат изгледот на Скопје во сообраќајот, екологијата и јавниот простор

    27/10/2026

    Без струја денеска дел од Горно Соње од 9 до 12 часот

    27/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.