Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани” со дел од преостанатите средства од донациите реализира набавка на медицински креми за третман и нега на лицата погодени од пожарот во клубот „Пулс” во Кочани, во вкупна вредност од 1.023.871 денари.
Набавката на креми за заштита и регенерација на кожата кај лицата со изгореници е реализирана во директна комуникација со засегнатите лица и согласно нивните реални потреби, со цел да се обезбеди соодветна и навремена поддршка во процесот на закрепнување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
