Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча
    Република

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Основниот суд во Струга му изрече парична казна од 5.000 евра на поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, поради незаконско поставување спомен-плоча на влезот од општинската зграда.

    Според пресудата, со поставувањето на спомен-обележјето биле исполнети елементите на кривичното дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, бидејќи, според обвинението, било поттикнато чувство на етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга.

    Судијата Јордан Јованов во образложението истакна дека од доказите произлегува оти одговорноста е кај тогашниот градоначалник, нагласувајќи дека плочата била поставена на зградата на Општината, а Мерко како прв човек на локалната самоуправа дал налог за плаќање, со што, според Судот, признал дека не била испочитувана законската процедура.

    При донесувањето на одлуката, Судот се повикал и на мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кое останало во сила откако биле отфрлени тужбите пред Управниот и Вишиот управен суд. Во мислењето, изработено со стручна помош од Институтот за национална историја, било оценето дека спомен-плочата може да предизвика етничка и верска нетрпеливост.

    Одбраната тврдеше дека Мерко нема никаква поврзаност со поставувањето на плочата и дека тоа го сторило Здружението на пензионери Албанци, кое традиционално организира одбележување на Денот на албанската азбука. Мерко изјави дека за плочата дознал дури по интервенцијата на државните инспектори за култура.

    Ова е уште една судска одлука против поранешниот струшки градоначалник. Претходно тој беше осуден и за незаконско именување директори во шест училишта, при што пет пресуди веќе се правосилни, додека во предметот за набавката на службеното „Ауди А6“ беше ослободен од обвинението.

    Поврзани вести:

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    мерко пари
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.