Нов протест на иницијативата „Стоп за Усје“ во сабота. Протестот ќе почне пред Влада и ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Ги повикуваме сите граѓани, кои сакаат да се изборат за правото на чист воздух, да се приклучат на овој марш. Меѓу другото ги повикуваме институциите будно да ја следат состојбата и бурно да реагираат, бидејќи ниту еден профит не е поважен од животот на граѓаните!- се вели во најавата од здружението.
„Стоп за Усје“ веќе ги испрати своите барања до низа институции, но никој од нив не се одважи да даде било каков одговор. Затоа, одговорите ќе ги бараме повторно на улица“, додаваат од таму.
Од „Стоп за Усје“ потсетуваат дека на протестите се забранети партиска промоција и симболи, а истовремено апелираат на мирен протест, без насилство и говор на омраза.
Досега, поради загадувањето на воздухот се случија два протести пред цементарницата „Титан Усје“, каде стотици граѓани излегоа да бараат прекин на континуираното аерозагадување.
