Уште еден ден и ќе започне долго очекуваното судење за катастрофалниот пожар од март годинава во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 63 млади лица, а беа повредени околу 200. Во среда ќе започне соочувањето со правда за обвинетите 35 физички и три правни лица.
Правда и соодветни казни очекуваат и роднините на загинатите и целата македонска јавност. Тоа беше искажано и на последниот масовен протест во Скопје.
Судењето ќе се спроведе во специјализираната судница во КПД Идризово, а најавено е дека ќе се води со темпо од две рочишта неделно.
Од скопскиот кривичен суд потврдија дека се обезбедени сите неопходни услови за фер и транспарентна постапка, а обвинителството информираше дека нивниот тим е составен од 15 обвинители за да од нивна страна нема успорување на процесот.
Македонската јавност будно ќе го следи процесот. Покрај нужноста од правда, ова е и голем тест за македонското судство и обвинителство. Или ќе го поправат впечатокот кој го имаат граѓаните за нивната работа или ќе го срозаат и онака малиот рејтинг.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







