Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Сиљановска-Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот
    Гордана Сиљановска-Давкова ФОТО/Фејсбук профил на претседателката на РСМ
    Некатегоризирано

    Сиљановска-Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот

    03/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот и слично, верувам дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос е случајна или несреќна, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во интервју на Канал 5 ТВ.

    Претседателката вели дека имала прилика да биде во Словенија и дека идентитет не е ајвар, пинџур, што се гледа и од основачките документи на Европската Унија во кои има јасни параметри и се знае што е.

    „Во нив има јасни примети што е идентитет. Во Повелбата за фундаменталните права јасно пишува дека ЕУ ќе го почитува нанционалниот и културниот идентитет на сите нации, дигнитетот и интегритетот. За нив нема разговор, ги приќате такви како што се, како единство во различностите. Како некој кој докторирал во Словенија и ја чувствува како втора татковина, верувам дека е случајна или несреќна изјавата, не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот и слично, а некои од нив веќе се преземени од Словенија, ние веќе немаме ајвар, за жал имаме ајвер, што значи како интересна категорија е идентитетот“, изјави Сиљановска Давкова.

    Според Сиљновска-Давкова, Франце Прешерн пишувал љубовна поезија на германски јазик, но никому не му паѓа на памет да рече дека не е Словенец и дека тој е не е дел од словенечкиот идентитет.

    „Ама ако во нашата татковина има луѓе на највисоки функции, премиери, претседатели кои така кооперативно изјавувата дека Гоце Делчев бил Бугарина или дека имаме ист јазик, дека сме еден народ, тогаш ќе слушаме и вакви приказни“, изјави Сиљановска Давкова.

    Според неа, изветувачот во ЕП за Македонија австрискиот европратеник Томас Вајц не случајно ги избрал овие квалификативи за македонскиот јазик и идентитет.

    „Слушаме дека тоа е веќе одамна решено и зошто би се повртотувало. Но, зошто тогаш би го напишал, заради притисокот од нас, стравот или љубовта кон нас? Не, тоа е заради уставните документи и почитувањето на еднаквоста“, смета Сиљановска Давкова.

    За забелешките од опозицијата дека ние државата барала да биде вметнато за јазикот „многувековен“, вели дека не е точно.

    Во однос на поднесените амандамани за извештајот во ЕП, истакна дека тоа го покажувааа расположението кај голема категорија европратеници и во тоа нема ништо европско и демократско. За епилогот од усвојувањето на извештајот, Сиљановска-Давкова вели „се е можно да се случи“, но нагласува дека случувањата покажуваат дека прашањето не е решено како што некој тврди.

    Во врска со барањето од Софија за признавање бугарско малцинство во земјава, таа потсети дека тоа прашање првпат се појавило во 2022 година од бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, а претходно воопшто не се спомнувало.

    „Во 2008 година, Венецијанската комисија и препорача на Бугарија да го смени Уставот и да внесе гаранции за малцинските права. Во 2010 и комесарот за малцинства истото и ги препорача на Бугарија да го смени Уставот. Зборуваме за двојни стандарди, принципи и вредности на кои се темели ЕУ.  Ако самата ги негира, тогаш тоа е сериозен демократски дефицит“, изјави Сиљановска-Давкова.

    Поврзани вести:

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    До 500 училишта затворени низ Франција поради ученичките протести

    До 500 училишта затворени низ Франција поради ученичките протести

    Синер се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда на коленото

    Синер се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда на коленото

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    давкова еу идентитет
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мистерија во Црното Море: Бугарија не знае кој стои зад нападите со дронови

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.