Вечерва од 20 часот на скопскиот плоштад ќе започне прославата и дочекот на Новата Година. Како што синоќа најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дочекот на 2026-та на плоштадот „Македонија“, ќе биде незаборавен, ноќ која повторно ќе го сплоти Градот.
Музичката програма ќе започне со Миле Кузмановски во 20 часот, а по него ќе настапат неколку популарни македонски пејачи. Кулминацијата ќе биде на полноќ, кога на бината ќе се појави Каролина Гочева.

-Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава. Се гледаме!, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
