За шест лица се бара одредување на притвор, а за 15-тина мерки на претпазливост, соопштија од прилепскиот суд по вчерашната акција на Финансиската полиција во болницата во овој град. Се бараат и санкции за уште неколку правни лица од Прилеп, Битола и од Скопје.
Да потсетиме, вчера, под сомнение за криминално работење на претходното раководство на Болницата во Прилеп, полицијата уапси дваесетина лица. Меѓу приведените има и поранешни пратеници, директори и раководители, кои биле вклучени во дејствијата што полиција ги истражува.
Според информациите од Обвинителството овој предмет за наместени јавни набавки во износ од околу 800.000 евра се работел уште од април годинава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
