СДСМ денеска ја обвини владата дека не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии. Партијата на Филипче праша и дали се направени и намерни злоупотреби. Тие не се убедени дека мерката е добра затоа што по интерент почнаа да кружат огласи со продажба на електронски уреди.
На ова веднаш одговори премиерот Христијан Мицкоски дека студентите што добиле ваучери, дури и да ги препродале тие не би можеле да бидат искористени од купувачите, бидејќи се врзани со лични податоци”.
Воедно Премиерот истакна задоволство што акцијата на Владата имала исклучително добар одѕив.
„Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме”, потенцираше премиерот Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
