Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
    Некатегоризирано

    СДСМ: Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

    16/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Според најновите податоци на Евростат, Македонија е претпоследна во Европа по висина на минималната плата, позади е само Албанија. Истовремено, Македонија има најнизок стандард на куповна моќ, односно со помалку од 750 стандард на куповна моќ (скм) сме под Литванија со 878 скм, што е најнизок во Европа.

    Ова се последиците од политиките на ВМРО-ДПМНЕ која упорно одбива да ги прифати мерките за покачување на платите што СДСМ континуирано ги предлага.

    Додека сите европски држави ги зголемуваат платите и се борат да им помогнат на граѓаните со високите трошоци за живот, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира сите закони за унапредување на животниот стандард. Во изминативе месеци, одбиени се предлозите на СДСМ за ново покачување на минималната плата, за мерки за раст на платите во приватниот сектор, како и за директно намалување на цените на основните производи.

    Податоците на Евростат се пораз на политиките на власта која избра да ги штити профитите на големите компании, да троши народни пари на шетање по светот, папаја и манго но цврсто одлучи да нема повисоки плати. Трајко Славевски и Христијан Мицкоски ќе бидат запаметени како главните кочничари на растот на платите. Тие свесно сакаат да го втурнат народот во сиромаштија.

    Да потсетиме дека во време на СДСМ, и пoкрај сите економски кризи, минималната плата беше зголемена од 9.000 денари на над 20.000 денари. Се донесе законско решение за усогласување на минималната плата со трошоците за живот и растот на платите. Се имплементираа пакети мерки за поддршка на домашната економија, субвенции за струја, и директна помош за ранливите категории граѓани во вредност од 2,6 милијарди евра. Платите во приватниот сектор почнаа да растат, а стандардот бележеше напредок.

    Тоа беа конкретни политики со реални резултати. Денес, гледаме потполна стагнација. Ниту една антикризна мерка. Ниту едно покачување. Само политичко калкулирање и игнорирање на реалните потреби на граѓаните.

    Потребна е одговорна економска политика што ќе обезбеди достоинствен живот, а не гол популизам без резултати.

    СДСМ ќе продолжи да се бори за платите на работниците, за реални реформи и за стандарден живот на секој граѓанин. Македонија заслужува повеќе. Работниците заслужуваат повеќе.

    Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.