Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Рокас денеска му го врачува извештајот на ЕК на Мицкоски, Брисел со нови оценки за Македонија
    Република

    Рокас денеска му го врачува извештајот на ЕК на Мицкоски, Брисел со нови оценки за Македонија

    05/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе му го врачи на премиерот Христијан Мицкоски Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.

    По средбата во Владата, Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција, на која се очекува да ги претстават клучните оценки од документот.

    Во извештајот, кој вчера беше презентиран во Брисел, Европската комисија оценува дека Северна Македонија активно се вклучила во новиот План за раст за Западен Балкан и ги интензивирала активностите за исполнување на четирите столба – интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, спроведување суштински реформи и поголема финансиска поддршка.

    Сепак, Брисел посочува дека и понатаму останува потребата од реализација на клучните реформи поврзани со европската агенда на земјава.

    Во делот на надворешната политика, Европската комисија констатира дека Македонија ја задржала целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, вклучително и во однос на руската агресија врз Украина. Ова, според оценката во извештајот, ја потврдува стратешката определба на државата за членство во ЕУ и нејзината позиција како сигурен партнер.

    Во документот се наведува и дека земјава продолжила со подготовките на потребната документација за исполнување на условите за отворање на првиот кластер „Основи на процесот на пристапување“.

    Сепак, Европската комисија забележува дека нема напредок во усвојувањето на уставните измени, кои се дел од заклучоците на Советот на ЕУ од 2022 година.

    Во извештајниот период продолжило и спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, а Комитетот за стабилизација и асоцијација одржал состанок во април 2026 година, прв по 2021 година.

    Европската комисија оценува дека Северна Македонија одржувала добри односи со останатите земји од процесот на проширување и продолжила да учествува во регионалните иницијативи.

    Поврзани вести:

    Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ предупредува на можни одрони

    Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ предупредува на можни одрони

    Променливо облачно време, за викендот температури под нулата

    Променливо облачно време, за викендот температури под нулата

    Рокас утре му го врачува извештајот на ЕК на премиерот Мицкоски

    Рокас утре му го врачува извештајот на ЕК на премиерот Мицкоски

    Извештај на ЕК: Нема напредок во уставните измени и борбата против корупцијата во Македонија

    Извештај на ЕК: Нема напредок во уставните измени и борбата против корупцијата во Македонија

    Национална стратегија за безбедност во сообраќајот: До 2030 година помалку сообраќајни незгоди и нула загубени човечки животи

    Национална стратегија за безбедност во сообраќајот: До 2030 година помалку сообраќајни незгоди и нула загубени човечки животи

    Пратеници предлагаат нови правила за пристап до податоците за посвојување

    Пратеници предлагаат нови правила за пристап до податоците за посвојување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сообраќајот се одвива непречено, АМСМ предупредува на можни одрони

    05/11/2026

    Променливо облачно време, за викендот температури под нулата

    05/11/2026

    Рокас утре му го врачува извештајот на ЕК на премиерот Мицкоски

    04/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.