Полнолетните посвоени лица да можат да добијат ограничен увид во документацијата за своето посвојување, предлагаат група пратеници кои во Собранието поднесоа измени на законот за семејство.
Според предлогот посвоителите на малолетни деца ќе имаат можност да побараат одредени информации доколку за тоа постојат оправдани медицински причини.
Иако податоците за посвојувањето и понатаму би имале статус на службена тајна, со измените се предвидува постапка преку која ќе може да се побара пристап до нив. За секое барање би одлучувала посебна стручна комисија, формирана од министерот за социјална политика, демографија и млади.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
